https://www.facebook.com/photo/?fbid=134858239065020&set=a.134858242398353

27.11.2022 Скопје

Министерството за здравство соопшти дека по донесување на мерките и препораките за рационално користење на електрична енергија од Економско-енергетскиот совет на Владата во пресрет на грејната сезона, донесена е одлука јавните здравствени установи да склучат договори за електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската.

Во соопштението се наведува дека 24 здравствени установи имаат потпишано договор со ЕСМ продажба, од кои три се во фаза на потпишување и тие веќе добиваат електрична енергија по многу поповолна цена.

Од министерството за здравство посочуваат дека во координација со здравствените установи изготвен е план и дадени се насоки до сите јавни здравствени установи, со цел рационализирање на сметките и трошоците за оваа намена, но истовремено, и грижата за пациентите и обезбедувањето здравствена заштита останува врвен приоритет на Министерството за здравство и јавните здравствени установи.

Во административната зграда на Министерството за здравство не се користат дополнителни грејни тела, се користи централно греење од клиничкиот комплекс, стои во соопштението, и истакнато е дека во Министерството е назначено и посебно административно лице за проверка на рационалното користење на електричната енергија.

Подготвено од М.Н.

About Author