https://www.facebook.com/photo.php?fbid=490928369730717&set=pb.100064406750972.-2207520000.&type=3

14.11.2022 Скопје

Минатиот викенд во Скопје е организиран симпозиум на таканаречено „Македонско имплантолошко здружение“ кое што воопшто не постои во регистарот на правни лица и граѓански организации при Централниот регистар на Република Северна Македонија.

На официјалната страна на Министерството за здравтсво, се гледа дека министерот Сали бил присутен и го отворил симпозиумот.

Зачудувачки е што на фотографијата веднаш до Министерот Беким Сали кој е стоматолог по професија присутен е и претседателот на стоматолошката комора на Македонија д-р Марјан Денковски каде се издава акредитацијата за симпозиумот на таканареченото здружение.

Од иницијативата „Стоматолози обединете се“, велат дека дрскоста отишла до тој степен што на рекламниот материјал, поточно на флаерите за покана на Симпозиумот, учесниците извршиле уплатата од 2.000 или 3.200 денари.

Уплатата ја вршеле на сметката на здружението ДДДММ од Куманово каде еден од сопствениците и потписник на жиро сметката и генерален секретар на истото здружение е токму претседателот на стоматолошката комора д-р Марјан Денковски од Куманово.

Од иницијативата „Стоматолози обединете се“, исто така изјавија дека наместо Министерот Сали да ги одземе јавните овластувања поради злоупотреби од страна на здружението ДДДММ од Куманово и претседателот на стоматолошката комора согласно Законот за здравствена заштита, тој лично им отвора симпозиум, и додадоа дека очигледно на повидок е нов скандал во здравствениот систем на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author