01.11.2022 Скопје
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, изјави дека генералштабот на Армијата прави анализа за да се донесе четврт пакет за донации на Украина.
Петровска истакна дека предметот на донации се уште е во фаза на преговори со украинската страна, но и дека постои листа која што е класифицирана и на која Република Северна Македонија треба да даде одговор.
Во врска со предходните три донации, Петровска истакна дека, тоа што донирале тенкови значи дека тие веќе не се употребливи за во нашата држава, и дека во Армијата се работи на набавка за помодерни оклопни возила, бидејќи Амијата на Република Северна Македонија е во фаза на модернизација, опремување и развој, поради поддршката која ја има добиено од САД во вредност од 78 милиони долари.
Петровска истакна дека, одбранбениот буџет изнесува 1,77 проценти од БДП, односно околу 220 милиони евра од кои 30 проценти ќе се одвојат за модернизација и опремување на Армијата.
Подготвено од М.Н.