09.11.2022 Скопје
Меѓународниот аеродром во Сараево ги забележа најдобрите резултати досега во месец октомври.
Во октомври на аеродромот во Сараево поминале 110.580 патници, што е зголемување за дури 30 отсто во однос на лани. Споредено со претпандемиската 2019 година, патничкиот сообраќај на аеродромот во Сараево е поголем за 15,6 отсто, односно за 30 отсто во однос на 2021 година.
Екс-Ју Авиешн Њус пишува дека во периодот од јануари до октомври, аеродромот во Сараево низ вратите пречека 1.242.066 патници, со што 2022 година стана најфреквентна досега. Бројката е за 22,1 отсто поголема од 2019 година или дополнителни 224.462 патници.
Два месеци пред крајот на годината, меѓународниот аеродром во Сараево го забележа најдобриот резултат досега отколку пред две години кога низ аеродромот поминаа 1.143.680 патници.
Подготвено од А.Ѓ.