https://www.facebook.com/photo/?fbid=430236065971458&set=pb.100069552032962.-2207520000.

18.11.2022 Скопје

Во изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово во 19 часот ќе биде отворена меѓународната изложба на уметнички дела со наслов „Без дистанца“ на македонски и бугарски академски ликовни уметници.

Од НУЦК „Трајко Прокопиев“ информираат дека ќе бидат изложени 40 дела од по десет македонски и исто толку бугарски академски ликовни уметници.

Изложбата е заеднички проект што се спроведува помеѓу Национална установа – Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово и Уметничка Галерија – Русе од Република Бугарија.

Директорот на Центарот за култура – Куманово, Сашо Тодоровски, ги поканува сите кумановци да отидат на изложбата и да ги погледнат сликите. Тодоровски истакна дека има одлични дела, сликани од македонски и бугарски автори, а сигурен е дека публиката ќе ужива во оваа изложба. Воедно, додаде дека ова е прва соработка со Националната галерија од Русе, инаку имаат соработувано со некои театри од Република Бугарија.

Пред еден месец, изложбата веќе беше презентирана пред јавноста во Уметничка Галерија – Русе.

На изложбата учествуваат академските ликовни уметници: Жаклина Глигориевска – Кочоска, Зоран Арсовски – Бабата, Иво Пецов, Марија Величковска, Марија Трпеска, Марјан Sингаров, Петра Јовановска, Симона Јакимовска, Трајче Блажевски, Фехим Хусковиќ, Валентин Георгиев, Виргинија Пенчева, Вјара Гунева, Георги Пасев, Гошо Георгиев, Златка Стојкова, Ива Станева, Ирена Парашкевова, Красимира Кирилова, Тања Пасева.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 7 декември годинава.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author