cistichna fibroza megjunaroden den

21.11.2022 Скопје

НЛБ Банка – Скопје, по повод Меѓународниот ден на лицата со цистична фиброза, денеска ќе биде претставена како „патрон на пациентите со цистична фиброза“ и, заедно со Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ), ќе информира за активностите со кои ќе ги поддржи лицата со оваа наследна хронична болест.

Цистичната фиброза е генетска болест од која во Европа се афектирани околу 2.500 новородени деца годишно. Најчеста карактеристика на цистичната фиброза е прогресивното оштетување на респираторниот систем. Густата слуз ги затнува дишните патишта, предизвикувајќи тешкотии при дишењето и ја зголемува веројатноста за појава на бактериски инфекции во белите дробови.

На настанот ќе се обратат претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ, претседателката на Асоцијацијата за цистична фиброза, Ивана Атанасоска и проф. д-р. Стојка Нацева-Фуштиќ, директорка на Клиниката за детски болести.

Цистичната фиброза со текот на времето може да предизвика хронично кашлање, отежнато дишење и воспаление и да се развие во трајно оштетување на белите дробови, формирање ткиво со лузни (фиброза) и цисти во белите дробови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author