04.11.2022 Скопје
Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, по повод Денот на националното единство, кој денес се слави во Русија, објави дека Русија се бори против светот кој умира, за својата света земја и луѓето што живеат на неа, а во нејзиното оружје е вистината.
Медведев во текстот со наслов „Зошто нашата борба е исправна?“ напиша дека Руската Федерација е богата и огромна земја и на Русија не и требаат туѓи територии, тие имаат сè во изобилство. Воедно, ја нарече руската земја света за Русите, „на неа живееле нашите предци“, а сега „нашиот народ живее на неа“.
Медведев пишува дека Русија нема никому да ја предаде својата земја, потенцирајќи дека го бранат народот, се борат за своето, за државата, за илјадагодишната историја. Воедно, нагласи дека Русија „се бори против оние кои ја мразат, кои забрануваат јазик, вредности и религија, влеваат омраза кон историјата на татковината“.
Според Медведев, дел од светот на умирање се и куп луди нацисти зависници од дрога, луѓе заплашени и дрогирани од нив, како и кучиња што лаат од западната одгледувачница и други претставници на пропаднатата западна империја.
Русија долго молчеше затоа што беше слаба, а сега ја исфрли мрачната магла и лепливиот сон од последните децении. И другите земји го чекаа ова будење, кое наскоро целосно ќе се разбуди, пишува Медведев.
Подготвено од А.Ѓ.