15.11.2022 Скопје
Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека по завршувањето на самитот Г-20 кој се одржува на Бали, Индонезија, планира да го продолжи контактот со претседателот на Русија Владимир Путин и планира да ги продолжат заедничките разговори.
Инаку се шпекулира дека Макрон треба да му каже на кинескиот претседател Си Џинпинг за време на самитот на Г20 дека е во интерес на Кина да влијае на Русија да се врати на преговорите и да го почитува меѓународното право.
Самитот Г-20 кој се одржува на Бали, започна денес а ќе продолжи и во утрешниот ден, претставник на Русија е шфот на дипломатијата Сергеј Лавров.
Подготвено од М.Н.