27.11.2022 Скопје
Претседателот на Франција Емануел Макрон, следната недела ќе биде пречекан од американскиот претседател Џо Бајден.
Посетата на Макрон ќе биде со цел да го зајакне француско-американското пријателство и да ја спречи жестоката економска конкуренција меѓу Европа и САД.
Макрон ќе се обиде да го убеди Бајден дека е во нивен интерес да не ги ослабуваат европските компании во време кога западните сојузници се соочуваат со силна економска конкуренција од Кина.
Се очекува двете земји да покажат единство поради заедничките закани од Русија и Кина, но спорното прашање за време на состанокот ќе биде американскиот Закон за намалување на инфлацијата.
Европејците предупредуваат дека огромниот пакет субвенции наменети за американските производители би можел да им зададе фатален удар на европските индустрии, кои веќе полека се опоравуваат од високите цени на енергијата предизвикани од војната во Украина.
Подготвено од М.Н.