02.11.2022 Скопје
Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател” од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25. Фестивал „Quartieri dell’Arte” во Италија.
Претставата ќе има само една изведба и ќе се одигра на 5 ноември на сцената во театарот во Витербо (Teatro dell’Unione).
„Quartieri dell’Arte” е главниот италијански фестивал на новата драматургија. Се одржува секоја година во областа Витербо и во Рим, а предводен е од тимот на италијанските драматурзи Џан Марија Черво и Алберто Басети.
„Quartieri dell’Arte” создава проекти кои имаат цел не само да се соочат туку и да интегрираат драмски и постдраматични елементи, како и да истражуваат и да експериментираат нови „хибридни” стратегии за пишување на нови драми. За да му се даде дополнително значење на зборот „Револуција”, содржан во насловот на тематскиот циклус на QdA, на овој комплексен проект „Патиштата на хероите” – чиј организатор на фестивалот е негов партнер – проектот вклучува изработка на извештаи за загрозувањето на животната средина, изработени од експерти и во соработка со Универзитетот во Тушија.
„Народен непријател“, според текстот на Ибзен, се фокусира на загадувањето на околината како драмски „тригер“ за етичките норми во меѓучовечките односи, иако напишан пред речиси век и пол, текстот е поактуелен од било кога. Главните улоги ги толкуваат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Благој Веселинов и Сашка Димитровска.
Изработени се неколку краткометражни филмови и театарска претстава за еколошките херои. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа” во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западниот Балкан.
Фестивалот е партнер со Кралскиот национален театар – Лондон, Бург театарот – Виена, MEEC – Париз, Театарот на кралската размена – Манчестер и Народни дивадло, Прага, како и со Македонскиот народен театар.
Подготвено од А.Ѓ.