https://www.facebook.com/rfmofficial/photos/pcb.5224950014275793/5224942877609840/

10.11.2022 Скопје

Македонската сениорска ракометна репрезентација го заврши својот настап на Европското првенство во прелиминарната фаза со вкупно три порази.

Верната навивачка публика на сите натпревари ја даваше потребната поддршка од трибините во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, и по поразот од Романија, верните фанови и љубители на ракометот со огромен аплауз ги поздрави македонските ракометарки.

Следен предизвик за македонската репрезентација ќе биде да обезбеди пласман на Светското првенство 2023 во Данска, Норвешка и Шведска.

Благодарение на овој настап на Европското Првенство 2022, македонската репрезентација ќе треба да игра само еден бараж, а можни ривали ќе ни бидат Украина, Турција, Австрија, Чешка, Грција, Словачка, Португалија, Косово, Италија и Исланд.

Подготвено од М.Н.

About Author