https://www.facebook.com/macedonianbasketball/photos/a.142864962895035/1479237529257765

11.11.2022 Скопје

Со убедлив резултат од 58-36, Македонската кошаркарска репрезентација издвои победа над Норвешка, со што ја оствари третата победа во претквалификациите за Евробаскетот 2025.

Македонската кошаркарска репрезентација е на одличен пат да биде на прво место во групата, со што половина од работата веќе е завршена со овие три меча и издвоени три победи.

Норвежаните тешко постигнуваа поени, македонската одбрана изгледаше совршено на теренот.

Скандинавците во две четвртини не успеаа да постигнат ниту по десет поени, иако во Гевгелија пристигнаа со две победи како сериозен противник, сепак натпреварот го завршија со пораз со вкупно 36 поени.

Наредниот натпревар ќе се игра исто во Гевгелија, со почеток од 19 часот, и македонската кошаркарска репрезентација ќе ја пречека репрезентацијата на Данска, која во другиот натпревар од нашата група изгуби од Словачка со 74-70.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *