17.11.2022 Скопје
Амбасадорката од Република Северна Македонија во Австралија, Билјана Стефановска-Сековска, заедно со македонскиот почесен конзул во Западна Австралија Зоран Ќосески, одржаа средба со министерот за образование и младина на Австралија Ан Али.
На средбата се воделе разговори за културниот развој на македонската заедница во Австралија, за зачувување на јазичниот и културниот идентитет во рамките на мултикултурна Австралија, како и за продлабочување на соработката на полето на образованието, размена на студенти и наставен кадар помегу двете земји.
Владата на Австралија ќе продолжи и во иднина како и досега да ја почитува македонската заедница, изјави министерката Али и секогаш ќе дава своја поддршка на македонската заедница за нејзините проекти за развој и зачувување на македонскиот јазик и идентитет во Австралија.
Амбасадорката Стевковска-Сековска заедно со македонскиот конзул во Западна Австралија Ќосески, остварија средба и со премиерот на Владата на Западна Австралија Марк Макгауан.
На средбата со премиерот Макгауан констатирано дека досегашниот пример на политички и бизнис контакти на австралиските фирми со македонското стопанство е добар почеток за натамошен развој и влегување на поголем австралиски капитал во Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.