08.11.2022 Скопје
Руската агенција Тасс пренесе дека белорускиот претседател Александар Лукашенко смета дека граѓаните на европските земји сакаат да живеат во мир, но нивните власти не се во состојба „да го изгаснат пожарот во сопствениот дом”.
Белорускиот претседател смета дека во Германија, а и во Цела Европа, сега нема лидери. Според Лукашенко, дури и да ги има, тие не можат да го изгаснат ниту пожарот во сопствената куќа.
Лукашенко смета дека Европејците не сакаат војна, затоа што тие добро разбираат што денес се случува во Украина. Воедно, истакна и дека во Белорусија, исто така, се обидуваат да запалат пожар, потенцирајќи дека утре ќе гори цела Европа.
Неговото мислење е дека Европејците мора да ја запрат конфронтацијата, што веќе резултирала со конфликт на подрачјето на Украина.
Лукашенко ги опиша европските лидери како лудаци, кои, неспособни да му кажат „не” на Вашингтон, го разгоруваат пламенот во регионот.
Случувањата во Украина, Лукашенко ги нарече катастрофа, па додаде дека „нема земја во советската ера што примила толку големи странски инвестиции како Украина”.
Подготвено од А.Ѓ.