https://www.facebook.com/photo.php?fbid=676282870540017&set=pb.100044749298106.-2207520000.&type=3

17.11.2022 Скопје

Американските медиуми изјавија дека Лос Анџелес ќе ја има првата градоначалничка по изборот на Карен Бас, која го победи Рик Карузо, кој е милијардер во недвижнини.

Кога Бас ја најави својата градоначалничка кампања во септември минатата година, таа потенцираше дека доколку победи на изборите, главен приоритет ќе и биде справувањето со кризата со бездомниците во Лос Анџелес, кој е вториот најнаселен град во САД.

Карен Бас беше ко-основач на Коалицијата на заедницата „непрофитна организација во Јужен Лос Анџелес“, која беше фокусирана на социјални и економски прашања, а исто така беше и претседател на државното собрание.

Бас се најде и во потесниот избор на американскиот претседател Џо Бајден за потпретседател во 2020 година.

На својот профил на Твитер, Карен Бас напиша дека од првиот ден од својот мандат ќе започне со напорна работа и ќе биде верна на секој граѓанин на Лос Анџелес.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *