09.11.2022 Скопје
Денеска, Роберт Левандовски ја прими „Златната копачка“, како најдобар стрелец на европските лиги во натпреварувачката сезона 2021/2022 година.
Полскиот напаѓач Левандовски постигна 35 голови во Бундеслигата за екипата на Баерн, собра вкупно 70 бодови, а наградата ја прими како сегашен играч на Барселона.
Левандовски изјави дека ова е важна награда за него и се надева дека нема да биде и последна.
Во досегашниот дел од сезоната во шпанската „Ла Лига“ за каталонскиот гигант веќе има 13 погодоци.
Подготвено од А.Ѓ.