16.11.2022 Скопје
По завршувањето на Светското првенство во Катар, Роберт Левандовски нема да игра три натпревари за својот клуб Барселона, бидејќи толку изнесува суспензијата поради добиениот црвен картон.
Левандовски доби два жолти картони на мечот со Осасуна, и на крајот од мечот одејќи накај соблекувалната со прстот се чепкал по носот и потоа го покажа кон судијата и излегол.
Според извештајот на судијата, Левандовски направил гестови со кои изразил несогласување со судијата, и додал дека таквиот гест во Германија значи арогантност и поради тоа е казнет со два меча суспензија и еден поради двата добиени жолти картони.
Од нив два дуели се дерби, едниот е градскиот дерби меч против Еспањол, второто дерби е со Атлетико Мадрид, ќе го пропушти и натпреварот со Гетафе.
Подготвено од М.Н.