https://www.facebook.com/photo/?fbid=668286248217858&set=a.337307194649100

05.11.2022 Скопје

Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, соопшти дека вчеравечер имал „долг, тежок, но фер разговор“ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и ги повика „сите на воздржаност“.

Утрово на Твитер, Лајчак напиша дека смета на одговорното однесување на сите да покажат воздржаност заради безбедност и стабилност, потенцирајќи дека насилството мора да се избегне. Воедно, истакна дека се согласиле дека сите договори во дијалогот мора да бидат поддржани и целосно имплементирани.

Вчеравечер, српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со Лајчак во време кога се зголемија тензиите меѓу Белград и Приштина поради несогласувањата околу пререгистрацијата на возилата со српски регистарски таблички на Косово.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author