22.11.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека има два можни исходи од состанокот во Брисел, или да надвладее здравиот разум или пак да дојде до инциденти.
Дачиќ изрази надеж дека меѓународната заедница ќе изврши притисок врз Приштина за да не спроведува регресивни мерки над српскиот народ бидејќи, тоа може да доведе до сериозно нарушување не само на јавниот ред и мир, туку и на регионалниот мир и стабилност.
Министерот за надворешни работи на Србија истакна дека планот на косовскиот премиер Албин Курти е албанската страна да го заземе северот на Косово и Метохија, односно целиот суверенитет, за кој сметаат дека е доволен за прогласување држава.
Дачиќ порача дека Србите нема да дозволат да бидат жртви на толерантниот однос на меѓународната заедница кон нечуеното однесување на Курти кој го гази не само потписот на Приштина, туку и потписот на Европската унија.
Подготвено од М.Н.