https://www.facebook.com/cevahirskycity/photos/pcb.3482214335342232/3482214202008912/

16.11.2022 Скопје

Станарите во кулите на Џевахир останаа без електрично напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтовите, топла вода, базен, теретана но останаа и без вода бидејќи и вентилите за вода биле затворени.

Ова е втор пат кулите да останат без електрична енергија откако првиот пат пред околу месец време струјата била исклучена како предупредување поради неплатени сметки.

Станарите велат дека тие уредно ги плаќале сите сметки но дека проблемот е во фирмата „Се клуб фалисити менаџмент“, која е управител на висококатниците.

Од ЕВН изјавија дека поради долг од 6 милиони денари кулите се исклучени од електрично напојување.

Од фирмата се уште нема конкретни известувања околу проблемот со неплатената електрична енергија во кулите, а станарите велат дека и тие се обидувале да ја добијат компанијата веќе извесен период но никој не им одговарал на повиците.

Струјата која се користи за осветлување на влезовите, надвор од зградите, рампите, гаражите, теретаните, и лифтовите се на едно броило, управителот за тоа им издавал посебни сметки на станарите според квадратурата на станот и според потрошената електрична енергија, и со тие пари управителот бил должен да ја плати сметката во ЕВН, но во случајот од сеуште непознати причини управителот не го подмирувал долгот за потрошената електрична енергија.

Подготвено од М.Н.

About Author