https://www.facebook.com/photo/?fbid=564964218966331&set=pb.100063582736486.-2207520000.

07.11.2022 Скопје

По четири часа, заврши лидерската средба за која премиерот Димитар Ковачевски рече дека поминала во отворена дискусија, но без конкретни заеднички заклучоци.

Премиерот Ковачевски истакна дека ги информирал лидерите за евроинтеграцискиот процес, но и за енергетската состојба во земјата, за законите од областа на правото што треба да бидат донесени, како и за Буџетот за 2023 година. Исто така, понудил и заклучоци што би произлегле од средбата, со кои побарал парламентарните партии зачленувањето во ЕУ да го сметаат за надпартиски интерес и сите чинители треба да дадат целосна поддршка. Но, Ковачевски додаде дека сепак нема заеднички заклучоци кои би произлегле од средбата.

Премиерот изрази задоволство што сите претседатели на парламентарни партии, освен двајца, присуствувале на средбата.

На средбата, која се одржа на покана на премиерот и претседател на СДСМ, присуствуваа и лидерите на ДУИ, Али Ахмети, на ДОМ, Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Алтернатива, Африм Гаши, на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, на ДПА, Мендух Тачи, на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, на ВМРО-НП, Љупчо Балковски, на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, на НСДП, Горан Мисовски, на ГРОМ, Стевче Јакимовски, на Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, на ЛДП, Моника Зајкова, како и лидерот на Партијата на пензионерите, Илија Николовски.

На средбата претходно одбија да присуствуваат лидерите на Левица, Димитар Апасиев, и на Беса, Биљал Касами.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author