eu i kosovo

30.11.2022 Скопје

Бесник Бислими, косовскиот вицепремиер задолжен за европски интеграции, најави дека Косово ќе аплицира за добивање на статусот на земја кандидат за членство во Европската унија кон средината на декемви годинава.

На денешната седница на собраниската Комисија за европски интеграции, Бислими истакна дека апликацијата ќе биде поднесена во координација со Чешка, која до крајот на годинава претседава со ЕУ.

Бислими изјави дека уште на крајот на минатата година одлучиле да аплицираат за статусот на кандидат, воедно подготвиле документ и за политичката позиција и го поделиле на другите држави. Исто така, додаде дека во разговори се со Владата на Чешка за да го одредат точниот датум, но очекуваат тоа да биде кон средината на месец декември, истакнувајќи дека знаат дека има земји кои се резервирани, но тоа не ја обезвреднува апликацијата и не очекуваат никакви негативни ефекти.

Косовскиот вицепремиер задолжен за европски интеграции изрази уверување дека косовските граѓани ќе можат да патуваат без визи во земјите на Шенген-зоната од декември 2023 година и нагласи дека либерализацијата воопшто не е поврзана со дијалогот на Косово со Србија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author