04.11.2022 Скопје
Овој метод има за цел да помогне на секој поединец да научи како да располага со своите финансиски сретства и како да се избегне непотребното трошење на пари.
Френсис Кук од Нов Зеланд го креираше концептот на „финансиски пост“, според кој треба да одбереме една недела во месецот во која ќе живееме штедливо, односно да одредиме минимален буџет во кој ќе ги вклопиме само неопходните работи од маркет.
Во таа една недела треба да секој да се обиде да не троши ништо повеќе, односно да се придржува до својот поставен буџет.
Секој поединец може засебно да си изготви агенда за таа недела, што ќе се состои од свои правила, како на пример, да се води дневник за пари, да биде исклучено се она кое што не е потребно, да се размислува за она од кое би се откажале во тој период а одзема премногу од финансиите, да не се трошат пари обидувајќи се да се инпресионираат луѓето околу нас и слично.
Доколку секој поединец се придржува кон своите правила, големи се шансите да се намали потрошувачката за многу работи за кои ќе дојдеме до сознание дека воопшто не ни се потребни.
Подготвено од М.Н.