04.11.2022 Скопје
Како позната билка која се користи најчесто за прочистување на крвта, копривата помага и против опаѓање на косата, ревматизам, треска, туберкулоза на белите дробови, бронхитис, и многу други благодети кои се познати во народната но се почесто и во стандарната медицина.
Листовите од свежата коприва изобилуваат со витамините Ц, А, Б2 и К, каротен, пантотенска киселина, калциум, фосвор и железо, што со еден збор може да се каже дека во оваа билка се крие вистински провитамински концентрат.
Оваа билка ја прочистува и ја зајакнува крвта, но помага и во ослободувањето на токсичните материи од организмот, а докажана е делотворноста и во запирање на крварење.
Научно е докажано дека го намалува нивото на шекери во организмот и затоа им се препорачува на лица кои боледуваат од дијабетис.
Оваа билка најчесто се конзумира како чај, при што делотворно делува за обновување и зајакнување на човековиот организам, одвојувајќи ги сите штетни материи од организмот.
Подготвено од М.Н.