17.11.2022 Скопје
Проектот кој е вреден околу 20 милиони евра од Германската развојна банка, е клучен за реализирање на проектот за реновирање на студентските домови во државата и ќе се спроведува во три фази во наредните три години. Акцискиот план на Министерството за образование и наука денеска беше претставен на средба со студенти и пратеници во Собранието.
Пред почетокот на средбата, министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави, дека очекува првата фаза за реновирање да почне во јануари-февруари.
Акцискиот план предвидува за три години да заврши реновирањето на сите студентски домови во државата, а прв во планот за реновирање е студентскиот дом „Стив Наумов“.
Средбата во Парламентот на Меѓународниот ден на студентите, ја организира собранискиот Клуб за младински прашања и политики, на барање на Универзитетското студентско собрание на Скопскиот универзитет.
Покрај пратеници, присуствуваа директори на студентски домови и претставници на универзитетски студентски собранија, а денес по повод меѓународниот ден на студентите беше организиран и мирен марш од студентите на повеќе универзитети и на тој начин ги актуализираа своите барања до државата.
Подготвено од М.Н.