https://www.flickr.com/photos/32105470@N06/3003231481

26.11.2022 Скопје

Владата на вчерашната седница го одобри предлог-проектот за стратешка инвестиција во ски-центарот Попова Шапка.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, изјави дека има сериозен понудувач за развој на ски – центарот Попова Шапка, а тоа е компанија од Јужен Тирол, „Техно алпин”.

Компанијата има 2.400 клиенти во 55 земји, главно скијачки-центри. Во Италија таа управува со над 1.200 километри патеки во 12 скијачки области на Доломитските Алпи. Ко-сопственикот и извршен директор на „ТехноАлпин“, Ерих Гумерер, е сопственик на фирмата „Витоша–ски“, која сега го развива и скијачкиот центар на планината Витоша кај Софија.

Компанијата е партнер на Меѓународната федерација на зимски спортови и е партнер на голем број скијачки настани, а исто така има големо искуство во производство на вештачки снег.

Оваа италијанска компанија е активна и во регионот, соработува со сите ски-центри во Бугарија, а неодамна инсталираше и снежни топови и на Јахорина, Босна и Херцеговина. Нејзините снежни топови се инсталирани и во српските ски-центри.

Подготвено од М.Н.

About Author