https://www.facebook.com/MetaforBusiness/photos/a.10150576419166337/10165060777596337/

09.11.2022 Скопје

Извршниот директор Марк Закерберг соопшти дека компанијата „Мета“ од денеска почнува со отпуштање вработени.

Според њујоршкиот весник „Волстрит џурнал“, се очекува да бидат отпуштени неколку илјади вработени, што ќе биде најголемото отпуштање во технолошкиот сектор оваа година.

Повикувајќи се на извори, њујоршкиот весник истакна дека Закерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е одговорен за погрешните чекори на компанијата, истакнувајќи дека неговиот оптимизам за раст довел до превработеност.

Менаџерката за човечки ресурси на компанијата „Мета“, Лори Голер, истакна дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месеци плата во вид на отпремнина.

Според податоците на Мета, компанијата на крајот на септември имала повеќе од 87.000 вработени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author