15.11.2022 Скопје
Насер Нуредини, министерот за животна средина и просторно планирање, смета дека компаниите треба да продолжат да користат гас, а не да се оди на понееколошки варијанти како дизел и мазут.
Нуредини тврди дека гас има и го кажува тоа затоа што доаѓа од сектор инвестиција и сите треба да се сигурни дека има гас.
Сепак, Нуредини потсети дека има процедури кои треба да поминат во Министерството, а досега, како што информира, околу пет големи компании побарале да ја сменат дозволата со која во случај на недостаток од гас ќе користат дизел.
Министерот Нуредини, на настан за садење 20 дрвца кои се донација од Еко-свест, истакна дека ако компаниите имаат А интегрирана дозвола мора да направат барање за измена на дозволата и процедурата трае околу три месеци, со што Министерството мора да процени прво дали таа измена е во согласност со законот. Воедно, потенцира дека компаниите треба да продолжат да употребуваат гас, бидејќи се што е поевтино не значи дека е добро за граѓаните.
Нуредини порача дека и покрај енергетската криза сите треба да се свесни за животната средина, потенцирајќи дека за жал има загадување, но ако се гледа како било претходните години има намалување на аерозагадувањето и тоа значи дека политиките што пробуваат да ги направат како измена на греење на болниците, на полициските станици, градинките и училиштата имаат позитивен ефект, но сепак не може да каже што ќе биде утре.
Подготвено од А.Ѓ.