Image by kues1 on Freepik

17.11.2022 Скопје

Дали парите можат да купат среќа? Најновото истражување потврди дека парите навистина можат да „купат“ среќа, но само ако не заработувате повеќе од 123.000 долари годишно.

Нов експеримент, чии резултати неодамна беа објавени на страниците на научното списание ПНАС, ги проучуваше ефектите од еднократната исплата од 10.000 долари врз луѓето.

Група од 200 луѓе во седум земји добија исплата од 10.000 долари преку „ПејПал“, во партнерство со ТЕД, и беа следени против контролната група која не доби пари, за да ги спореди нивните нивоа на среќа. Имаа и ограничување од три месеци да ги трошат своите средства.

Тие 200 среќници, кои станале побогати за 10.000 долари, на крајот од секој месец го пријавиле нивото на среќа на скала од еден до седум. Како што можете да претпоставите, кога експериментот завршил, тимот за трошење пријавил повисоки нивоа на среќа. Но, една група не била засегната од добиените пари.

Се испостави дека луѓето со приход од домаќинството од повеќе од 123.000 долари го одржувале истото ниво на среќа дури и откако им исплатиле 10.000 долари. Испитаниците потекнуваат од три земји со низок приход – Бразил, Индонезија и Кенија, и четири земји со високи приходи – Австралија, Канада, Велика Британија и САД.

Примателите во земјите со пониски приходи забележале зголемување на среќата три пати поголемо од оние во земјите со повисоки приходи. Така, иако студијата покажа дека богатството може да го подобри нивото на среќа кај повеќето луѓе, добиените пари не влијаеле на оние кои веќе заработувале големи суми.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author