ogledalo

16.11.2022 Скопје

Огледалата во просторот може да играат повеќе улоги, кои ќе зависат од самиот избор на огледалото и местото на негово поставување.

Огледалата овозможуваат визуелни интервенции во просторот, а со тоа и негова естетска корекција. Со нив ентериерот може да биде поширок, подолг или повисок. Исто така, огледалото е одличен елемент за декорација на просторите и успешно се вклопува во сите стилови на уредување.

Освен визуелното зголемување на просторот, огледалото со рефлексијата ја пренесува и дневната светлина, која на тој начин може да се пренесе во потемните делови од просторијата.

Првото место на кое помислуваме кога станува збор за огледало е бањата. Над мијалникот е најпопуларното место. Ова го олеснува одржувањето на хигиената, па дефинитивно треба да остане на ова место. Ако имате простор, поставете уште едно огледало на ѕидот спроти огледалото на мијалникот.

За секоја спална соба идеално решение е огледалото со целосна должина. Ако имате доволно голем ѕид, закачете го таму, а ако немате, може да се најде на вратата од спалната соба, плакарот или дури и внатре во плакарот. Ова ќе го направи облекувањето многу попрактично.

Ако вашето биро е свртено кон ѕид, размислете да поставите огледало над него, поточно на ѕидот зад бирото. Тоа ќе ви помогне да ја направите вашата домашна канцеларија поголема, да се чувствувате поудобно и секогаш ќе знаете што се случува зад вас.

Одлична идеја е да поставите и огледало некаде во близина на влезната врата, затоа што ќе можете двојно да го проверите изгледот во последен момент пред да излезете.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author