https://www.facebook.com/photo?fbid=629156918957117&set=basw.Abr9fRnsCmIYU40CrEF3h5FwSGklZiAaUDW_aKt3u-uMFjf8niIh9wrT6y55P0gy9bIl5oeuQ3SsD29OpPrM-A2eVJTSr3IEFVKD1Gss94KfUHnjnNEpR8psFm79Hyd5gdpHVwTxfUE4BxB-QnzxW1WGHzMhgc0A89mB5WFGIXvcCQ&opaqueCursor=Abp4VHmhunEmKKOYgDZVe0DjC9DLucV4Cg6_Z8QEZ4bEM1B8T2h_oeIq92BgU_Ramp6Zf_KuMecfq_Ez1MaM_aWuLkshmlJwGjjxeiHrDlGn-zhEpiz93m7UfWzlJaoIDT1eG8Jm0Bzk4i-harQW7exr-AZ8xuEZSk3rg7_c1Px5aD-UTet86sivqq6CcXkbuwlD2kYeoAZh0ReBRHCYcFx7er4NiuIAMHZ-aACWWHNlZLAGiQ5IfkXkz5n-kD6EkKuh7VAk4iAnUc2gdx9pRhs0sAG00c-k3WMu_O60lNx3b3QGk6hcvyho2HJD_q-mP-Sx_f4DnGVWgfxMUaNfWpK3O1DZle_12KH2A1bWY9VzHvcWlcu80tZPOVzbRkiiKzpT2KEK0NsdTB1SOUzNVkqTlLjM9Lhzy-1eP2qOIeLQeVq6E8wnceL7_i8OdkupXTmA5cl0tNF0cY6vo9IS8eBfTHXFnakqcOAgGNhfOxtH4YAkSqHY3GBvqzk_B6fFCzowUBAaXgvGBEBPzSSfGKNTf0aSuSB4jwd9bNpTonzOED8hQOM3tNPXTwFzbvbxneyNmh-wVU-BxvQEfqkT7o-AcymWnUOxE2UtUVUG5HBP3OOMk0sZNPP9jPNM-ZBa3230VsPac04Jm1UW-NQ67VRijgKzUzEl7qozqws6pRd2t5QeLayje65aYzrzN7Sgw7dS2puM35oGayJMv71Hjm8mHwHHCYr5KzYmE8ZQXZyJF-89q6D05NxRKvldaDhKKncafB4-MVcZvm7E7ASIv-Vgit5KvXmaB5i22vrJv8_OqIKUBVyNEyehTT0ZTnK7wGq1DEpP_d4y8bKem8fMAiHmgQri84ChnlZLQ46rdXAMSQ

08.11.2022 Скопје

Кинескиот производител на камиони Фаризона, во сопственост на производителот на автомобили Џили, првиот чекор во глобалното проширување ќе го направи на европскиот пазар со понуда на електрични комбиња од 2024 година.

Извршниот директор Фан Ксијанџун изјави дека производот е дизајниран да ги задоволи барањата на европскиот пазар и во почетната фаза, Супер Ван ќе биде достапно само во електрична верзија, а потоа може да следат модели со заменливи батерии, хибридни верзии и верзии со метанол. Воедно, Фан истакна дека електричното комбе може да се претвори и во хибридно кампување.

Компанијата сака да обезбеди позиција меѓу трите најголеми европски добавувачи на електрични комбиња со Супер Ван.

Кинеската компанија Фаризон, исто така, на долг рок сака да ја зголеми продажбата на пазари како Јапонија, Јужна Кореја, Блискиот Исток и Југоисточна Азија, каде што веќе започна со продажба на возила.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author