09.11.2022 Скопје
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека неговата земја ќе се фокусира на подготовки за војна, бидејќи безбедноста на земјата е сè понестабилна и неизвесна.
Претседателот Си истакна дека Пекинг сеопфатно ќе ја зајакне воената обука и ќе ја подготви армијата за секаква војна.
Неговото предупредување доаѓа откако Си минатиот месец повика на побрз воен развој, „доверба и сила“ во технологијата и одбрана на кинеските интереси во странство, зголемувајќи ја веројатноста за понатамошен конфликт.
Минатиот месец, Кинеската комунистичка партија додаде член во својот устав за „одлучно противење и одвраќање” на независноста на Тајван и решително спроведување на политиката „една земја – два система”, формулата со која се планира да се управува со островот во иднина.
Ако Кина го нападне Тајван, конфликтот речиси сигурно ќе ги привлече САД, кои му обезбедуваат на Тајван одбранбено оружје и со закон се обврзани да ги третираат заканите за островот како прашања од „сериозна загриженост“, заедно со нејзините сојузници од договорот, како што е Јапонија.
Подготвено од А.Ѓ.