07.11.2022 Скопје
Денеска, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Британија мора да ги прекине сите форми на официјална комуникација со Тајван.
Реакцијата на министерството доаѓа откако беше објавено дека британскиот министер Грег Хендс има намера да го посети споменатиот остров.
Жао Лиџијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, изјави дека тајванските власти мора да престанат да соработуваат со странските сили.
За потсетување, британскиот министер за трговија Грег Хандс изјави дека има намера оваа недела да го посети Тајван на трговски разговори и да се сретне со претседателот Цаи Инг-вен.
Подготвено од А.Ѓ.