https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1244950990522122241/photo/1

04.11.2022 Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска изјави дека западните земји треба да ја намалат зависноста од Кина, но не можат да ја стават оваа земја во иста категорија со Русија.

Жозеп Борел, на маргините на министерскиот самит на Г7 во германскиот град Минстер, изјави дека е јасно дека Кина влегува во нова ера на својата надворешна политика, а воедно и на нејзината внатрешна, истакнувајќи дека Кина станува многу посамостојна, многу повеќе на сопствениот курс. Воедно, најави дека Европската Унија сака да ја намали сопствената „зависност и ранливост“, како и „да ја зајакне својата отпорност“.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, воедно, потенцира дека во моментов многу земји-членки имаат силни економски односи со Кина и мисли дека не може да се стават Кина и Русија на исто ниво.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author