10.11.2022 Скопје
Кинескиот државен весник објави дека голем број аеродроми во Кина ги откажуваат летовите поради зголемениот број на заразени лица со Ковид-19.
Во јужната кинеска метропола Гуангжу, во која има најголем број на заразени лица откажани се над 1.000 летови, а од двата аеродрома во Пекинг откажани се повеќе од 700 летови.
И покрај кинеската политиката нулта толеранција на коронавирусот, што негативно влијаеше врз нејзината економија, бројот на инфекции низ Кина повторно се зголемува со недели.
Денеска, кинеските здравствени власти оопштија дека за еден ден се регистрирани околу 8.800 заразени луѓе на национално ниво.
Подготвено од А.Ѓ.