Image by Racool_studio on Freepik

07.11.2022 Скопје

Анадолија јавува дека Кина ќе купи 140 патнички авиони од европскиот производител на авиони Ербас во вредност од 17 милијарди долари.

Во соопштението на кинеската компанија за снабдување со воздухопловна опрема, се наведува дека е постигнат договор со Ербас за купување на 132 патнички авиони А320 и осум авиони А350. Наведено е дека вкупната цена на договорот, потпишан при денешната посета на германскиот канцелар Олаф Шолц на Пекинг, ќе изнесува 17 милијарди долари.

Во јули оваа година, кинеските „големи три“ државни превозници Ер Чајна, Чајна Саутерн и Чајна Истерн се обврзаа да купат вкупно 292 авиони од Ербас.

Најавата предизвика загриженост во Германија дека Берлин ќе им даде приоритет на економските врски со Пекинг пред безбедносните и стратешките прашања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author