01.11.2022 Скопје
Денеска, шефот на дипломатијата Бујар Османи ќе биде домаќин на казахстанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Мухтар Тлеуберди, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Министерството за надворешни работи информира дека во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, особено мултилатералната соработка на двете држави, со посебен акцент во Организацијата за безбедност и соработка на Европа, со која Република Северна Македонија ќе претседава по два месеци, а ќе бидат разменети мислења и за други актуелни прашања во надворешната политика.
Тлеуберди, во рамки на неговиот престој во Скопје, се очекува да се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Подготвено од А.Ѓ.