24.11.2022 Скопје
Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, изјави дека е време за потрага на колективен мир во Украина.
Токаев истакна дека секоја војна завршува со мировни преговори, и што се однесува до ситуацијата во Украина верува дека веќе е време за заедничка портага за колективен мир.
Токаев додаде дека на рускиот и на украинскиот народ не треба да им се дозволи да имаат лоши односи, и дека мора да се искористи секоја можност за да се постигне примирје.
На вонредните избори минатата недела во Казахстан, Касим-Жомарт Токаев го обезбеди својот втор мандат, а во минатото јавно се спротивставуваше на територијалните претензии на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, со што ги влоши односите меѓу двете држави.
Подготвено од М.Н.