08.11.2022 Скопје
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија и САД продолжуваат со целните контакти во оние сфери каде тоа е најнеопходно, а Москва останува отворена за заемно корисен дијалог.
Захарова посочи дека продолжуваат со целен контакт со САД за прашања што се појавуваат и отворени се за секоја варијанта заемно корисни разговори.
За контактите меѓу Вашингтон и Москва околу размената на затвореници, Захарова истакна дека за жал, со месеци, па дури и со години, а за одреден број руски граѓани и со децении, не виделе никаква желба на САД да се решат конкретните проблеми на ова прашање.
Џејк Саливан, американскиот советник за национална безбедност, потврди дека каналите за комуникација меѓу Вашингтон и Москва се отворени и покрај војната во Украина, како и дека во интерес на САД е да одржуваат контакт со Кремљ, истакнувајќи дека американските власти се свесни со кого имаат работа.
Подготвено од А.Ѓ.