02.11.2022 Скопје
Како одговор на севернокорејскиот проектил кој падна во близина на јужнокорејските води, јужнокорејската војска денеска истрела три прецизни проектили, се вели во соопштение од војската на Јужна Кореја, и се додава дека Сеул остро ќе одговори на секоја провокација.
Пјонгјанг лансираше повеќе од 10 проектили, од кои една слета недалеку од територијалните води на Јужна Кореја, а Сеул возврати со три ракети воздух-земја.
Во соопштение на претседателот на Јужна Кореја, Џун Сук Јеол, се наведува дека севернокорејската ракета ја преминала северната гранична линија прв пат по поделбата на полуостровот, и остро го осуди територијалниот напад од страна на Северна Кореја.
Подготвено од М.Н.