09.11.2022 Скопје
ЈСП Скопје соопшти дека е прекинат договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП Скопје.
Причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, како што информираат од ЈСП Скопје, е непочитувањето на обврските од договорот во кои се уредуваат условите за начинот на јавен превоз.
Во соопштението на ЈСП Скопје се наведува дека приватниот превозник „Макекспрес“ до моментот на раскинување на договорот не успеал да обезбеди модернизирани автобуси со соодветни еколошки стандарди, основно ниво на хигиена во автобусите и редовност без доцнење на автобуските постојки.
Подготвено од А.Ѓ.