07.11.2022 Скопје
Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ соопшти дека почнува пилот-проект за селектирање отпад во две кумановски населби, Гоце Делчев и Зелен рид, и ги повикаа граѓаните од населбите да селектираат отпад.
Пилот проектот се спроведува во соработка со невладина организација, со која веќе е потпишан меморандум за соработка. Заинтересираните ќе треба да ја симнат апликацијата „Селектирај отпад”и ќе добијат специјални ќеси.
Надлежните информираа дека граѓаните од двете кумановски населби во комуналното претпријатие ќе добијат кеси во различна боја за различен отпад, кој подоцна ќе се собира, а предвидено е да има кодови кои ќе се скенираат. Исто така, предвидена е и замена на вреќите за отпад и награди за оние граѓани кои најмногу ќе соберат отпад.
Преку овој проект, кој ќе се спроведува два месеци, ќе се селектира пластика, лименки и хартија, а отпадот ќе го собираат екипи на комуналното претпријатие. За најуспешните предвидени се симболични парични награди.
По завршувањето на пилот проектот селектирањето на отпадот ќе биде достапно за сите граѓани на општина Куманово.
Од претпријатието очекуваат акцијата успешно да заврши, да придонесе за зачувување на животна средина, да се развие свеста кај сите граѓани за почист и поеколошки град.
Подготвено од А.Ѓ.