28.11.2022 Скопје
Жителите на Јапонија, односно како што ја нарекуваат земјата на изгрејсонцето, имаат најдолг животен век на светот.
Женската популација живее во просек 81 година, а машката 78 години.
Популацијата во Јапонија не е склона на дебелеење, има најмал процент на срцеви удари, мозочни удари и малигни болести, дури имаше и најмала смртност во пандемијата од коронавирусот.
Иако гените играат голема улога во долговечноста на оваа популација, но сепак постои и друга тајна, а тоа е исхраната.
Исхраната на жителите на Јапонија е избалансирана, хранлива и нискокалорична, базирана на риба и морски плодови. Рибата е богата со јод и омега-3 масни киселини, а јодот е суштински минерал за одржување на доброто здравје.
Како основен елемент на хормоните на тироидната жлезда, јодот влијае на повеќето метаболички процеси во организмот и е неопходен за нормален раст и развој на сите клетки и ткива. Фактот дека повеќето болести или започнуваат или продолжуваат со воспаленијата предизвикани од бактерии и вируси, важно е да се знае дека на секои 17 минути крвта повторно циркулира низ ткивото на тироидната жлезда, во кое доколку постои доволно количество јод, бактериите и вирусите ќе бидат уништени.
Светската здравствена организација препорачува секоја возрасна поединка да внесува во својот организам околу 150 микрограми јод за да бидат задоволени дневните потреби, но превентивното дејство се постигнува само со консумирање поголеми количини.
Внесувањето на поголема количина на јод во организмот секако не е штета бидејќи не треба да заборавиме дека луѓето во Јапонија консумираат 12 милиграми јод дневно, што е десет пати повеќе од препораките на СЗО.
Човековото тело не може да складира јод па затоа е најдобро да го следиме примерот на јапонците, да го зголемиме внесот на јод преку храна и вода!
Подготвено од М.Н.