https://www.facebook.com/XinhuaChineNouvelle/photos/basw.AbonLFT9WYKMWi0yumPvA_hjTAj1rW6QeUgE3QE3jcmy3xMHT3uC1j9ozuPwzDheFDok0mwWY47dZOeZykwxh0goFdbyzi44GD8103uPxgwD1nSTvT9fyAljKaFBlbzsCwDcu1AflA9nvoTHQmg3KhU0ChN0K3s_Al0cInOvt1ST1w/3229838717281227/?opaqueCursor=AboM5ksGQN6kQYRaFJ_DQIFRsvS2d1hd8Vl2oTJRo1H3Bd2NwzoriRtaQeyiuBqDc61H37t9w25e74d9RPkGf_eF9zPUULvE2qAAD4MmIW5WfnsDQeEYXVw9plvHzS9ACRwn6EMtGKn5Vr6J4eB395pYXUgu9LPphRsvn5S_auBhnBFoj79jL8zheiIvwayK2kgJV85ilwh_8IcVdFE1MyypohOGASlAwZKyK80kr18Q4Q9n8qURISwUDHP2owMqwnqMuHU1quVv5KY9XdoZg5g-uU7awNJMy0ZgAIR-dQMMXhmS6X-pQk8BQFD4MVnzQsUQvyfu5Z_U1Di1D3Vrx_bAxPLUqRqYCKEVbPyuUOw56u9_1sC7Hdhtfc23fsRtpx7GCiQ98mdZBDu7rM6sf_RbEHyF960gWCXkBXv3HqSUKq5TF_NGESgQZggw3vFVnIwfipFY4rn4Jxtnr5mwZD560MgUYfCGi9z0aggy2XxaDaTb-On-4pMRufZgDsa8mE-gxbR_19tLZdYzTJ2RYzbAK5kDKqcgaCZY2kbybXp5zRi6yZ0DV1TgaQggHEKr_mdoF95MlIH36BBYenqQEgL3xDQogDIAzLfi6MqbeTdq79b2JGQuilY7JY4-2dHtQxgBBjW2ehhxf2jf08B76RDCT-yePH_zmlt8iNYdw2WVmkCdyGBzrMuG_1LobjaYcZm5mYiLcLmeV7fpSfA_3lfGROZWWMjMCNjFwr0kFgo3XbdNNndfVmVgHdMii_KDkwsJxf0twJyLtQQOy6N66zga3pE-er7Elj8MBehc8BBopnAq6d9BMuSIvpAbZtegZ-0Ss3eNyF31VLLfApUzeI8gxjz2S_ZnhsZiF_kRLDm_Vk11_CwsWFDQV5LVV5ARxis

17.11.2022 Скопје

Иран моментално е зафатен од најголемите антивладини протести од 1979 година, и поради тоа упати обвинувања дека Израел и Западот со своите разузнавачки служби се обидуваат да предизвикаат граѓанска војна.

Министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан изјави дека Израел и западните политичари кои планираат граѓанска војна, уништување и распаѓање на Иран, треба да знаат дека Иран не е Либија или Судан.

Техеран ги обвини западните противници за поттикнување немири низ целата земја, на кои им се придружија Иранците од сите сфери на животот, поради смртта на младата Махса Амини на 16 септември.

Иран вчера беше погоден од серија напади во југозападниот град Изе, и како што изјавија тамошните медиумите нападите ги опишаа како терористички напади.

Подготвено од М.Н.

About Author