15.11.2022 Скопје
На 16 ноември, во среда, во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде поставена изложбата „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“.
На изложбата ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумани награди и албуми. Изложбата е во организација на НУ Спомен куќа на Тодор Проески – Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември.
Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура.
Подготвено од А.Ѓ.