https://www.facebook.com/akto.festival/photos/gm.457644226475007/5863503073670415

25.11.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, во фоајето на Македонската опера и балет беше отворена изложбата „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“. Кураторки на изложбата се Бојана Пишкур и Ивана Васева. Изложбата ќе биде отворена до 16 декември.

Дизајнот на изложбата е на Ивана Васева и Филип Јовановски во соработка со Димитар Милев, Тамара Џерков и Сандра Николовска.

Изложбата „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“ планира да направи скок во времето. Таа го поврзува сегашното глобално геополитичко преструктурирање предизвикано од војната во Украина со наследството на Движењето на неврзаните во неговите основни принципи – антиколонијализмот и (транс) националната солидарност, и повикува одново на радикално преоткривање на светот и уметноста во него.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author