https://www.flickr.com/photos/edwinchen/43867368584/in/photolist-29QpJn7-2nBw1Yf-W3WkMB-sm46AM-2kyUKfB-29xAuYe-2gfKSSQ-MaXngk-2aRyPNy-Qy6rn4-2n1f7Qh-2aW1Aw6-28b2L7W-RMXWNs-Jp7May-pQcGXZ-gHqJB4-29xtLoB-2aW21at-29QujWE-MYadnJ-2giBkLu-29QkyPY-eiYyAh-2aVSbck-2jDu3hb-cgm7vd-qdCTZc-NN9QF5-28aTNLE-dGe12Y-cgmdfS-24yDpkY-9SmHJN-8kKUhg-2aVV7ca-6VHS1d-HTxR2V-9RXRWZ-9S1ZUQ-dG7RX4-NNjmyd-74ss7u-6eCDvD-gHrUtB-aWG4X-N3nGxT-tafRYD-YttNef-yDsBkd

16.11.2022 Скопје

Уставниот суд во Берлин, донесе одлука дека изборите за парламентот на градско-федералната држава Берлин од септември минатата година, мора целосно да се повторат поради сериозни системски грешки и бројни пропусто во текот на гласањето.

Претседателката на Уставниот суд во Берлин, Луџера Селтинг изјави, дека основниот принцип на еднаквост и слобода бил сериозно прекршен за време на гласањето во септември 2021 година.

Пропустите беа утврдени веднаш по изборите, но процесот на приговори од страна на политичките партии одзема многу време, истакна Селтинг и додаде дека пред неколку недели било одлучено во дел од изборните единици во Берлин да се повторат изборите за Бундестагот, кои се одржаа истовремено со изборите за Сенатот во Берлин.

Новите избори треба да се оддржат во рок од 90 дена.

Подготвено од М.Н.

About Author