21.11.2022 Скопје
Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето изјави дека италијанската влада ќе достави барање до парламентот за усвојување на нов закон за воено и цивилно снабдување на Украина во 2023 година.
Министерот Крозето истакна дека Италија ќе продолжи да испорачува оружје, како што правеше и од самиот почеток на војната. Крозето е член на Браќата на Италија, десничарската партија на новата италијанска премиерка Џорџа Мелони, која силно ја поддржува Украина.
Владата на Рим имаше можност да испрати воена помош на Украина без одобрение од прламентот со директ, но тој истекува на крајот на оваа година.
Дали предлогот на италијанскиот министер за одбрана ќе биде прифатен не е сигурно бидејќи од друга страна, двајца клучни членови на владеачката коалиција, Матео Салвини и Салвио Берлускони се неутрални затоа што и двајцата имаат историски врски со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Подготвено од М.Н.