it sektor macedonia

12.11.2022 Скопје

Од тоа кога речиси никој не знаеше за Република Северна Македонија и неколку мали компании кои даваа мали услуги на клиенти од Западна Европа и Северна Америка, веќе денес сме препознаени како сервисни компании за светски познати компании или како земја со почетници кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари, со што во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи голем развој.

Само во минатата година, извозот на ИКТ услуги од државата е зголемен на 37%, 2.000 економски активни компании фигурираат во ИТК индустријата, со кој се остваруваат речиси милијарда евра во приходи, од кои околу 70% отпаѓаат во трошоци а остатокот е чист профит.

На еднодневната конференција со наслов „The Future is Remote: Maceodniа“ која се одржа во Аудиокултура во Скопје, а ја организираше Native Teams-македонски стартап, говореа претставници на неколку македонски компaнии кои нижат успеси низ светот и се во редот компании од оваа индустрија која е нето извозник.

„Работа од дома и работа од каде било не се нови пристапи на работа во нашата индустрија, Ковид-19 беше само катализатор која ја промени идејата и своето функционирање на работа од канцеларија, и според одредени истражувања речиси 60% од вработените сакаат да го задржат принципот на работа од независни локации.

Оваа индустрија се покажа дека беше најимуна на ковид пандемијата и забележа неверојатен раст во тој период, вработува близу 20.000 лица и е една од оние со најголеми побарувања на стручни лица за вработување, но исто така е индустрија која заради пандемијата ја промовира работата од дома.

Подготвено од М.Н.

About Author