https://www.flickr.com/photos/61525416@N07/51547665270/in/photolist-2mx6fZu-2msm867-YQr6Dq-vMSEri-XTvFfn-HhEAim-2g3sokX-XPXXQE-2muYkmF-2fo5cdN-HrLmTn-ooyCpP-2ejk8Qu-XTv6zX-GgAn1S-RBsnLS-2kqVgCP-HigFzo-263T3RY-73A18f-2h4kDuh-25LTmWc-275v4C9-2g4WZaD-ToARfJ-XTv61k-2kwB8FY-UzP8aM-PkzCU3-2f6RPNU-BNEMT9-niDHaE-27LUMvS-H2tMJC-K1zuGs-oLa3SH-BNCyUh-XPXZKb-XTsCdg-Yw2otY-XQ1e4b-XTvLgz-27LUMM3-YS2anE-2amoWKW-2cThHwn-XTv134-YQrR6f-Q4B4YL-G7hAzc

04.11.2022 Скопје

Прашалникот „Оценете ги вашите права”, во кој учествуваа 11.726 испитаници, траеше еден месец и содржеше 21 прашање.

Платформата на организации за соработка со механизмите за човекови права на Обединетите нации ги оцени како „алармантни” резултатите од истражувањето за човековите права, бидејќи повеќе од половина од испитаниците оцениле дека човековите права во Србија се загрозени.

Душан Покушевски, координатор за човекови права и програма за владеење на правото, на презентација на резултатите од истражувањето изјави дека граѓаните се изјасниле кои се клучни теми кога се во прашање човековите права, кои сметаат дека се пречки за остварување на тие права, а резултатите од овој прашалник се алармантни.

Околу 90 отсто од граѓаните оцениле дека нивните работнички права не се соодветно заштитени и дека нивните месечни примања не овозможуваат достоинствен живот.

Соња Тошковиќ, координаторка на платформата, изјави дека речиси 76 отсто од граѓаните се изјасниле дека не можат да си дозволат достоинствен живот, истакнувајќи дека според официјалните податоци на Републичкиот завод за статистика, просечната нето плата во октомври изнесува 75.282, официјалната инфлација е 14 отсто од почетокот на годината, а просечната потрошувачка кошничка, според Министерството за трговија, за туризам и телекомуникации за јули 2020 година изнесува 86.839 динари. Воедно, оцени и дека мнозинството граѓани и сега не можат да си дозволат достоинствен живот поради големиот скок на цените, а особено маргинализираните групи на општеството.

Повеќе од 80 отсто од граѓаните изјавиле дека не им се обезбедува соодветна здравствена заштита и дека Србија нема добар и правичен образовен систем.

Според Тошковиќ, „шокантен” податок е дека повеќе од 90 проценти од граѓаните сметаат дека говорот на омраза е присутен во јавната сфера.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author